Во недела во Горна Белица акција за расчистување на затревените површини
Советот на Месната заедница во Горна Белица во пресрет на летната сезона организира акција за расчистување на затревените површини низ селото и на патниот правец од Горна Белица кон село Вишни.

Претсетаделот на Советот на месната заедница Симе Грданоски, информира дека акцијата ќе се одржи во недела, 9-ти јуни, со почеток во 8:00 часот и ги повикува сите кои имаат желба да се приклучат во акцијата.
-После акцијата, попладнето во 15:00 часот во Домот во Горна Белица (Влашка куќа) ќе се одржи и Годишното собрание на МЗ Горна Белица на кое ќе се сублимираат активностите реализирани во 2023 година и ќе се истакнат плановите за идни активности-стои во соопштението.
По завршувањето на активностите предведен е заеднички ручек во Домот во Горна Белица.
Strugaonline
фото: архива

