Во недела започнуваат подготовките за Бадниковата поворка во Струга

- Локални
139

Како и минатите години така и оваа, Струга во недела ќе започне со подготовки за Бадниковата поворка.

Пробите за вежбање на песничката и работилниците за Божиќни ѕвезди ќе почнат да се одржуваат во недела во 11 часот во црковната трпезарија при Соборниот храм Свети Ѓорѓи во Струга.

Оваа година имаат и официјална страна на која што ќе споделуваат информации, затоа важно е да се заследи страната, Бадникови Поворки Струга.

Минатата година околу 600 дечиња низ струшките улици го најавија раѓањето на Богомладенецот, ечеше градот со песничката „Вечниот Бог“.

– Ги замолуваме сите дечиња што сакаат да учествуваат во поворката да доаѓаат и на пробите за да бидат сите синхронизирани во пеењето на песничката. Раѓањето Христово е еден од најголемите христијански празници и е од суштинско значење бидејќи ако не се родеше Христос немаше ни преку кого да ни дојде спасението. Затоа децата се баш тие ангели предвесници и важно е да го слават Рождештвото, затоа впрочем се организира поворката. Повелете дечиња сите сте поканети да одиме да пееме, да се радуваме, исто и возрасните, зошто во секое срце се вувствува радоста Христова. Благослов е да се учествува во овој голем настан. Се гледаме во недела во 11 часот. – вели за Strugaonline Лидија Николовска од „Бадникови поворки Струга“.

StrugaOnline

Facebook Коментари