Во нива кај Струга полицијата пронашла муниција, гранати и ракетни фрлачи

- Локални
902

Во нива во близина на патниот правец помеѓу струшките села Калишта и Франгово, по оперативни сознанија, вчера била пронајдена поголема количина оружје и муниција.

– Пронајдени се 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20мм. Известено е Основното јавно обвинителство во Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Извор и фото: МВР

Facebook Коментари