Лев банер Десен банер

Во Охрид започнаа свеченостите за одбележување на 81-годишнината од ослободувањето

Започнаа свеченостите за одбележување на 81-годишнината од ослободувањето на Охрид.

Синоќа, во Куќата на Робевци беше отворена изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, а од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа Свечената академија по повод Денот на ослободувањето на Охрид. Во културно-уметничката програма насловена „Охридска музичка антологија“ монологот „Гласот на борците“ го извeде актерот Жарко Спасовски, а се одржа и танцов перформанс и концерт на Охридскиот музички еснаф.

За денеска се предвидени бројни активности за одбележување на празникот. ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го одбележи патрониот празник, а ќе биде положено и свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ, на Градските гробишта, во Градскиот парк, пред Основниот суд во Охрид и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Панихида и полагање цвеќе е предвидено и пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне.

Од 10:00 до 11:00 часот ќе се одржи „Ohrid fly Festival“, регионален параглајдинг перформанс, по што ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата.

Од 19:00 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе биде промовиран албумот „Егрегор“ и концерт на Никола Стојковски (Fin project) и Тања Царовска.

Утре, сабота, 8-ми ноември, од 18:00 часот во ОСУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи музичко-сценскиот проект „Ехото на Охрид“, свечен аудиовизуелен настан по повод денот на ослободувањето „Развој на животот: Од келија до ѕвезди“.

StrugaOnline

error: