Од раководството, наставниот кадар и учениците при ООУ „Свети Климент Охридски“ – с. Драслајца, изразуваат огромна благодарност до г-дин Новко Плаќаноски, сопственик на компанијата „ПН Метал“, за неговата донација на 10 компјутери и 10 монитори за кабинетот по информатика, донација која е поддржана и од г-динот Ѓорѓи Несторски, сопственик на компанијата ,,Киа Електроникс”.

-Делумно функционалните компјутери стари цели 16 години се заменети со потполно нови, оваа донација ќе придонесе за значително подобрување на образовните услови и ќе овозможи реализација на современи техники на настава. Ваквата поддршка е од големо значење за нашето училиште -велат од училиштето.
StrugaOnline
Facebook Коментари