Во ООУ „Свети Климент Охридски“ – с. Драслајца се одржа предавање на тема „Меѓуврсничко насилство, интернет насилство – сајбер булинг“

- Локални
484
Во ООУ „Свети Климент Охридски“ – с. Драслајца, пред учениците oд четврто до деветто одделение и гостите од неколку училишта од Истанбул, Турција, се реализира предавање на тема „Меѓуврсничко насилство, интернет насилство – сајбер булинг“, од страна на полициски службеници од СВР Охрид.
Полициските службеници низ интерактивна комуникација со учениците, зборуваа за позитивните страни на интернетот, погрешните намени, за формите на злоупотреба. Се дискутираше за облиците на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.
StrugaOnline

Facebook Коментари