Вo Општина Охрид континуирано расте наплатата на туристичка такса

- Локални
719

-Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати.Приходите на наплатата на туристичката такса во буџетот на Општина Охрид континуирано растат. – информираат од Општина Охрид.

Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година.

Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година изнесува 21.236.895 денари, додека наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2017 година изнесува 18.562.808 денари.

Извор и фото: Општина Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари