Лев банер Десен банер

Во петок акција за чистење под мотото „Стружаните имаат право на чиста средина“

Под мотото „Стружаните имаат право на чиста средина“, во петок, 8ми јули во организација на здружението ,,Аква“ ќе се одржи акција за чистење на плажата „25-ти мај“ во Струга.

 

Акцијата е дел од проектот „(Локално) Младинско учество е важно“ што се спроведува во партнерство со Center for Intercultural Dialogue (CID) Куманово.
Ова ќе биде завршен настан од кампањата за зајакнување на јавната свест за правото на здрава животна средина.

– Стружани имаат право на здрава животна средина, а тоа право е во наши раце, велат организаторите.

Почетокот на акцијата е закажан за 18:00 часот.

Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралство Холандија во Република Македонија.

error: