Во петок бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања во струшка Нефрологија

- Локални
975

Одбележувајќи го месец март како месец на бубрегот, Специјализираната болница за нефрологија -Струга,  за 17-ти  март најавува бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања.

Скринингот ќе се одвива во холот на Амбулантно-поликлиничкиот оддел во период од 9:00 до 11:00 часот.

Истиот ќе содржи мерење на крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина.

На 9-ти март беше одбележан Светскиот ден на бубрегот под мотото ,,Здравје на бубрезите за сите- да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите.“

Осумстотини и педесет милиони луѓе ширум светот имаат некоја форма на бубрежна болест.

Најчести причини за хронична бубрежна болест се дијабетот и хипертензијата.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари