Во петок во Струга голема пролетна еколошка акција „Генералка викенд“

Од 12 до 14 мај годинава низ Македонија ќе се одржи голематa пролетна еколошка акција „Генералка викенд“, при што волонтери од 50 општини, училишта, невладини организации, како и од државни институции, јавни претпријатија и компании ќе учествуваат во собирање на расфрланиот отпад. Во оваа акција се вклучува и Општина Струга, во нашиот град на 12-ти мај волонтери ќе бидат ученици од основните и средните училишта, а деталите ги дознавме од Наташа Калајџиеска,соработник за управување со отпад во Општина Струга, а наш гостин беше и Владимир Нонески, ученик во шесто одделение во ОУ ,,Браќа Миладиновци“ кој ќе биде учесник во акцијата.
Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк:
Извор и фото: Play radio

