Викендов во планинарскиот дом „Троуглеш” се одржа дводневен младински планинарски едукативен камп на Здружението на планинари „Великамен”, предводени од водичите Христијан Ламбевски и Бобан Блажески, под менторство на Ирена Диков при ФПСМ (Федерација на планинарски спортови на Македонија), со многу возбудлива програма.

-Голема чест ни направи учеството на Пирустија Неданоски со работилница за подготовка на македонска традиционална храна. -велат организаторите.
На двете планинарски акции до домот Троуглеш на 17.06 и од домот до с. Елшани преку Студино на 18.06 учесниците беа придружувани од Црвен Крст Охрид.

„Младите научија за движење и однесување на планина, за планинарска опрема, однесување во планинарски дом, за Националниот Парк Галичица, за растителниот и животинскиот свет во паркот, движење во група и почитување на поединецот”, истакнуваат од Здружението на планинари „Великамен”.
Strugaonline
Facebook Коментари