Во пловен објект во близина на Радожда е пронајдена и одземена риболовна опрема

- Локални
1073

На 24 јануари оваа година околу 06 часот и 30 минути, во близина на струшкото село Радожда, при излегување од пловен објект од водите на Охридското езеро, затекнати се Д.С.(55) и Т.Н.(24), двајцата од селото Радожда.

Притоа, во пловниот објект пронајдени се рибарски мрежи, средство за риболов „САК“ како и друга риболовна опрема. Истите се одземени а по целосно документирање на настанот, согласно Законот за рибарство и аквакултура, против Д.С. и Т.Н. ќе бидат поднесени соодветни пријави .

Извор: СВР Охрид

 

 

 

Facebook Коментари