Во понеделник ќе се спроведе дезинсекција за уништување комарци на цела територија на Струга

- Локални
126
Oпштина Струга ги известува граѓаните и пчеларите дека  на подрачјето на општина Струга на 27.06.2022 год. ( понеделник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.
Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 ч., до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.
 Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Facebook Коментари