Лев банер Десен банер

Во пресрет на шестото издание на фестивалот за краток филм Drim Short основана е мрежата за краток филм BALKAN SHORT FILM NETWORK

Фестивалот на краток филм Drim Short во соработка со своите партнери од регионот, Bašta Fest (Бајина Башта, Србија) и Seanema Film Festival (Улцињ, Црна Гора) ја основаа BALKAN SHORT FILM NETWORK, мрежата за краток филм и едукација на млади филмски автори како и промоција на краткиот филм во регионот.

-Прв и во моментот најголем проект на регионалната мрежа е проширувањето на едукативната програма Basta Pitch, чија цел е да собере филмски автори од Северна Македонија, Србија и Црна Гора. Ќе бидат избрани 5 проекти за краток игран филм до 30 минути, кои ќе имаат можност да учестуваат на три работилници: Bašta Pitch на Bašta Fest, Fund Ready на Drim Short Film Festival и Festival Ready на Seanema Film Festival. Секој проект ќе има по двајца претставници, режисер и продуцент, а во рамките на оваа програма ќе учествуваат вкупно 10 учесници. По завршување на трите работилници, во октомври ќе биде одржана веб конференција на која ќе се сумираат сите впечатоци, а проектите ќе бидат претставени пред пошироката публика. – информира тимот на Drim short.

На крај, најдобриот проект ќе биде награден со вредносна награда од 1000 евра која ќе помогне за почеток на реализација на филмот. Пријавите се отворени до 20-ти мај 2022, а сите информации околу тоа што е потребно за пријавата може да се најдат на веб страната: www.bastafest.com

Фестивалот на краток филм Drim Short со оваа иницијатива ја остварува својата цел – проширување на својата програма надвор од рамките на самиот фестивал, делувајќи повеќе и во едукативната сфера.

Проектот е поддржан од Western Balkans Fond. Western Balkans Fond грант шемата за регионот е основана од страна на Европската унија, IPA – Инструмент за предпристапна помош.

Во меѓувреме траат подготовките за шестото издание на фестивалот Drim Short кое ќе се одржи од 6 – 9 август, а пријавите за филмови кои ќе бидат дел од програмата се отворени на платформата FilmFreeway до 15 јуни 2022.

Strugaonline

error: