Центарот на заедницата на Општина Струга ја поддржа локалната акција “Активност во прилог на локалните граѓани и посетителите”, реализирана од Еколошко здружение “Визион Вел”, во рамките на проектот “Активни граѓани, нов бран за промени во заедницата”, финансиран од Олоф Палме Интернационален Центер. По тој повод во неколкудневна акција во село Горна Белица беа поставени 7 клупи за седење, 7 корпи за фрлање отпад и беа засадени 10 дрва (јавор).
Од Центарот на заедницата на Општина Струга изразија благодарност на граѓаните кои помогнаа во реализирањето на оваа локална акција.
Facebook Коментари