Вевчани за Блаже Конески е насловена изложбата по повод одбележувањето на 100 – годишнината од неговото раѓање (1921 – 2021),посветена за познатиот македонски лингвист,книжевен историчар,поет,професор,академик и Кодификатор на современиот македонски литературен јазик,што неодамна е отворена во ова познато туристичко место.
Изложбата ја посети и министерката за култура Ирена Стефоска,со своите соработници,авторот Мишо Китаноски,детално ги запозна со изложените фотографии и факсимили,притоа,посочувајќи дека се изложени досега непознати информации за Блаже Конески.Тоа се: семејното стебло на Конески кое го состави токму Китаноски,потоа еден новопронајден документ во кој се зборува за неговото ранување во НОБ,стара фотографија на која е тој со семејството од 1928 година,тимот со кој работел во Горно Врановци и друго.
Меѓудругите , на изложбата се презентирани и два документи-песната за монахот Неофит од Вевчани и писмото во кое тој им се заблагодарува на вевчанци што му ја доделија Повелбата на печалбарството.
Изложбата „Вевчани за Блаже Конески“ја посетија и студенти од групата за македонски јазик на универзитетот во Будимпешта,Унгарија.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари