Во сабота нова доза „Импровокација“ во Охрид

- Локални
847

„Почитуван гледачу, Ти пишуваме со надеж дека си добро, и дека некако го издржа целиов месец без Нас. Те молиме не очајувај, во сабота, на 13 ти од 20:00 на Керал сцената на Н.Т. Охрид, можеш да примиш нова доза на Импровокација.“ – вака актерскиот тим на „Импровокација“ ја најавува втората епизода од петтата сезона на ова познато театарско шоу.
Картите по цена од 200 денари можете да ги набавите  во Музичката продавница Зи Зи Топ, или да резервирате на телефонскиот број 075 283 066 (од 11:00-15:00 часот).
Актерскиот тим на „Импровокација“ го сочинуваат актерите: Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Ангеличин Жура и Никола Јосифоски.

Strugaonline

Facebook Коментари