Во сабота во Охрид реприза на претставата ,,Госпоѓа Министерка“

- Локални
431

НУЦК „Григор Прличев“ и охридскиот Народен Театар ja најавуваат репризата на популарната претстава  „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски.

Истата ќе се игра во сабота,(11-ти мај)  во малата сала при охридскиот Центар за култура со почеток во 20:00 часот.

Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Карти во продажба на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, по цена од 250 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари