Во сабота во Струга изложба на фотографии ,,90 години Веслачки клуб Црн Дрим-Струга“

- Локални
872

Во сабота,  16.12.2023 г. во Фоајето на домот на културата „Браќа Миладиновци“ -Струга со почеток во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „90 Години Веслачки клуб Црн Дрим- Струга“ истата ќе биде последна од серијата настани кои клубот ги организираше по повод овој важен јубилеј.

Изложбата подготвена од страна на М-р Коста Хиохи ќе опфати тристотини фотографии од сите периоди на постоењето на клубот,  важни настани кои го навестиле формирњето , свеченото отворање, првите веслачи, натпреварите и активностите на клубот низ текот на годините, во време на кралска Југослвија, предвоениот период, СФРЈ, до активностите по независноста до ден денешен. Хиохи, кој е долгогодишен член на клубот,  воедно за овој голем јубилеј ја напиша монографијата „Веслачки клуб Црн Дрим”-Струга со чија промоција започна низата јубилејни активности.

,,Ова е навистина важен јубилеј за нашиот клуб но секако и за градот Струга бидејќи ретко кој друг град може да се пофали со жив клуб кој корените ги влече од пред речиси еден цел век. Честа да ги соберам и селектирам овие фотографии ми припадна мене следствено на големата потрага која ја реализирав за потребите на монографијата. Благодарение на моите стружни, но и неколкуте клубови и федерации од соседството успеав да соберам преку петстотини фотографии од кои за оваа изложба селектирав 300.“ – изјави за Strugaonline Koоста Хиохи.

,,Големата изложба на фотографии ќе биде вистински празник бидејќи покрај визуелната приказна за постоењето на клубот, посетителите ќе можат да го проследат и државното првенство во веслање на ергометар или уште попопуларното индор веслње. На истото учество ќе земат сите регистрирани клубови во веслачката федерација, по што ќе следи пригоден коктел и прогласување на победниците.“- вели д-р Здравко Голабоски, претседател на ВК Црн Дрим.

Веслачкиот клуб е формиран во далечната 1933 година како истурена секција на веслачкото спортско друштво „Југ“ од Белград, за по само една година да биде реформиран во засебен клуб под името Црн Дрим. Својот активен статус го задржува низ годините, по сите општествено, политички случувања до ден денеска. Моментално во клубот членуваат 30 активни веслачи од сите старосни категории.

Strugaonline

Facebook Коментари