Во сабота во Струга ќе се игра преставата за деца „Волкот и седумте јариња“

- Локални
1215

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во сабота, 21 април 2018 г., драмското студио МИЛАДИН ќе ја одржи претставата за деца „Волкот и седумте јариња“ по истоимената сказна од Браќата Грим, а во режија и драматизација на Ристе Миладинов.


Во неа играат: Јована Беќароска, Евгенија Грданоска, Јованка Трпоска, Матеја Миладинова, Емилија Спасеска, Бранкица Петковска, Деспина Давинческа, Калина Јулоска, Марија Анѓелкоска, Марина Балоска, Сара Стефановиќ, Марија Чочороска, Ана Марија Мурџоска, Сара Ѓеоргиева и Даниел Спироски.
Влезот е 60 денари.
Оваа година се одбележуваат 50 години театарска активност на Ристе Миладин и во склоп на тоа се предвидуваат повеќе драмски активности.

Strugaonline

Facebook Коментари