Во сабота во Струга отворена трибина на тема ,,Депресија, болест на сегашноста“ со Д-р Бошко Томовски

- Локални
848
Во сабота со почеток во 19:00 часот во Фоајето при Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи отворена трибина на тема ,,Депресија, болест на сегашноста“ со д-р по медицина, Бошко Томовски, специјалист- невропсихијатар.
Д-р Томовски ќе зборува за препознавање на болеста, манифестирање на болеста, пристап во лечењето на болеста, местото на семејството во постоење на болеста и други аспекти на оваа тема.
Влезот за сите заинтересирани е слободен.
Strugaonline

Facebook Коментари