Во среда концерт на музичкото студио ,,Соната“ во Струга

- Локални
393
Во среда 15.06.2022, со почеток во 20.00 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи годишниот концерт на музичкото студио ,,Соната“.
,,Ве очекуваме да уживате во прекрасните изведби на членовите на Музичкото студио СОНАТА!“-велат од струшкиот центар за култура.
Билетите се по симболична цена од 50 денари.

Facebook Коментари