Во среда најавен е протестен марш во Струга по повод трагедијата во Кочани

- Локални
2777

Во среда најавен е протестен марш во Струга по повод трагедијата во Кочани.

До нашата редакција стигна известување дека во Струга во среда, 19.03.2025 година ќе се организира протестен марш по повод трагедијата во Кочани.

Под мотото „Сите да се избориме ние да не сме следните жртви на системот – Ти си следен“ протестниот марш ќе започне во 12 часот пред Домот за Култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Во пожарот што избувна во текот на ноќта во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 млади лица на возраст од 14 до 24 години, додека 155 се повредени.

Владата на Македонија донесе одлука да прогласи седумдневна жалост.

StrugaOnline

Facebook Коментари