Со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на ансамблот „Танец“, во среда на сцената Долни сарај во Охрид ќе биде отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, што ќе трае до 9-ти јули.
Според најавената програма, на оваа манифестација ќе се обратат потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Горан Мисовски, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков и директорот на Центарот за култура Горан Симоноски.
Утревечер од 20:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Од Љубанишча до Дебор” од колекцијата на Љупчо Милошески, раководител на КУД Илинден-Струга.
На годинашното издание покрај ансамбли од Македонија, ќе насатапат и фолклорни групи од Словенија, Полска и од Чикаго, САД.
Strugaonline
Facebook Коментари