Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани офталмолошки производи, очила со диоптер, моторцикли, делови за машина за конфекција, автоделови, облека, шноли, стегачи за коса, карти за играње, парфеми, рачни часовници, етикети, гумени чизми, црева за хидранти, туш батерии и фалсификати.
2 мини моторцикли тип Gazella XJ и Knight 125, откриени при контрола на разна употребувана стока со потекло од Швајцарија, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид. Моторциклите, кои не биле опфатени со царинската декларација се привремено задржани а против увозникот ќе биде поведена соодветна постапка.
-2.930 разни производи (гумени чизми, ножеви, црева за хидранти, туш-батерии и карти за играње) кои не биле опфатени со царинските декларации, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.
Во првиот случај при контрола на стока од испраќач од Кина, наменета за увозник од Струга, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струга, биле пронајдени непријавени 100 пара гумени чизми, 600 кујнски ножеви, 30 црева за хидранти и 400 туш батерии.
Извор и фото : Царинска управа
Strugaonline
Facebook Коментари