Во Струга јавна дебата за придобивките кои ја чекаат Македонија во нејзината евроинтеграција и влезот во НАТО

- Локални
836

Денеска на Меѓународниот Универзитет во Струга се одржа јавна дебата со професори, функционери и луѓе од јавниот живот во Струга.

На дебатат зеде збор и Секретар на Општина Струга Соња Стојкоска која зборуваше за важноста на изборот пред кој се наоѓаме и евроинтеграциите во Република Македонија.

“Со влезот во Европската унија младите најмногу ќе ги почувствуваат придобивките за нивното најгорливо прашање – вработувањето. Тие својата иднина ќе ја гледаат дома и ќе бидат ценети заради нивното образование и знаење. Јас сум горда што денес имам чест и сите ние заедно ќе учествуваме во испишување на историјата на нашата држава” – потенцираше Стојкоска

Ова е една од активностите кои се одржуваат пред престојниот Референдум за кој јавно се дискутира за придобивките кои ја чекаат Македонија во нејзината евроинтеграција и влез во Нато алијансата.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари