Во Струга казнети шест пешаци поради небезбедно преминување на коловозни ленти

- Локални
317

На 16.07.2025 од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници констатирале дека 22 пешаци преминувале коловоз на необележан и небезбеден премин, односно надвор од обележан пешачки премин (Охрид-04, Струга-06, Кичево-10, Дебар-02).

Против нив поднесени се соодветни прекршочни платни налози. Апелираме до пешаците како ранлива категорија учесници во сообраќајот задолжително да ги користат обележаните пешачки премини и минувалишта на коловозите и сообраќајниците во и надвор од градските средини, а со цел избегнување на можни сообраќајни незгоди.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари