Во Струга ќе се одржат едукативни работилници за поддршка и заштита од родово-базирано насилство, за таа цел се покануваат да се пријават сите заинтересирани на двете едукативни работилници во рамки на проектот „Глас за жените: поддршка и заштита од родово-базирано насилство“.

Првата работилница ќе биде фокусирана на запознавање со родово базираното и сексуалното насилство (РБН и СН) – неговите форми, карактеристики и последици.
Втората работилница ќе биде информативна, со акцент на механизмите и ресурсите што им стојат на располагање на жртвите на насилство – каде и како можат да се обратат, и каква поддршка постои.
Работилниците ќе се одржат на 12 и 13 мај 2025 година од 10:00 часот во канцеларите на Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга.
Бројот на места е ограничен а можете да се пријавите на следниот линк: https://forms.gle/xGYpFWGutW7HctSx8
StrugaOnline
Facebook Коментари