Во Струга ќе се одржи камп за јавно говорење, еве како да се пријавите

- Локални
561
Здружението за развој и активизам „Аква“ отвара повик за млади на возраст од 15 до 24 години од општините Струга и Охрид, за учество во кампот „Кога младите зборуваат“, кој ќе заврши со натпревар за јавно говорење на теми поврзани со младинските проблеми.
,,Кампот има за цел да ви даде потребни алатки, знаења и вештини за да создадете позитивни промени во вашите заедници. Кампот за јавно говорење ќе се одржи во Струга во периодот од 07.12.2023 до 11.12.2023 година, (со вклучен појадок, ручек, вечера и покриени патни трошоци) во Scout camp Струга. Местата за учество на кампот се ограничени! Ве охрабруваме да се пријавите, преку пополнување на овој формулар.“-информираат од Здружението
За било какви прашања, можете да ги контактирате на  [email protected]
Strugaonline

Facebook Коментари