На 17-ти и 18-ти мај во хотел „Дрим“ во Струга, ќе се одржи дводневна обука „Граѓанско учество и партиципативна демократија”.
По тој повод, Центарот на заедницата на Општина Струга објави повик за пријавување на учесници. „Доколку сакате на дознаете повеќе за тоа како да се биде активен граѓанин, начините како можете да придонесете за вашата заедница и да бидете дел од процесите на донесување одлуки, пополнете ја пријавата на следниов ЛИНК“ – информираат од центарот.
Од таму додаваат дека сите трошоци во врска со обуката ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Strugaonline
Facebook Коментари