Лев банер Десен банер

Во Струга ќе се промовира повикот за доделување грантови на граѓански организации за мониторинг на работата на јавните институции

 „Фондација Отворено општество – Македонија” и „Евротинк- Центар за европски стратегии”, во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”, ќе одржат информативни средби во Битола, Струга, Тетово, Скопје и Струмица за промоција на Повикот за доделување грантови на граѓански организации за мониторинг на работата на јавните институциите и квалитетот на јавни услуги на локално ниво.

Организаторот покрива патни трошоци на лица кои доаѓаат надвор од градовите каде се организирани настаните. Заинтересираните, своето присуство треба да го потврдат така што ќе испратат меил на следниве адреси:  sanja.bozovikj@fosm.mk или kristina.gulakova@eurothink.mk.

Strugaonline

error: