
Центарот на Заедницата на Општина Струга известува дека по повикот за финансирање на Мали локални акции во рамките на проектот „ Активни граѓани нов бран за промени на заедницата“, финансирана од страна на Olof Palme International Center, поддржани ќе бидат следните локални акции:
“Еколошка акција – Чистење на делница од 4 км на реката Црн Дрим” што ќе биде спроведена од страна на Здружение на граѓани: Спортски клуб Тим-Соларис, Струга; ,,Уредување на центарот на месната заедница” што ќе ја спореве МЗ на село Шум; ,,Создавање на подобри услови за децата”, акција која ќе биде проведена од страна на Планинарски Спортски Клуб КАБ Струга 2017, во соработка со МЗ Биџево и МЗ Ново Село.
Поддржани ќе бидат и акциите – “Подобрување на условите за современа и практична настава – Интеграција на младите во образованието” што ќе ја спроведе Здружението за одржлив развој и интеграција на граѓаните ЊУ ХОРИЗОНС – Струга и ,,Мини парк за сите” што ќе ја спроведе Асоцијација за интегрирање на египќаните ПТАХ 2013-Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари