Делегација на Сојузот на борците од општина Струга и подржувачи на традициите од НОВМ, предводена од претседателот на ОО на СБМ за Струга Ајредин Мемети, по повод 9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, положија цвеќе пред споменикот на НОБ на плоштадот во Струга.
Во делегацијата беа приклучени претставници на општината Струга предводена од градоначалникот Рамис Мерко, делегација од Армијата на Македонија, општинските организации на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, почитувачите на Тито и делегација на здружението на пензионери-Струга, и голем број граѓани на Струга.
На крајот од свеченоста пред присутните се обрати Ајредин Мемети претседател на Сојузот на борци на општина Струга, за историското значење на антифашистичката војна и за 9 мај – на тема „Македонија во борба против фашизмот“.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline
Facebook Коментари