Лев банер Десен банер

Во Струга одбележана годишнината од формирањето на шестата македонска народноослободителна ударна бригада

На 6 септември 1944 година, пред 78 години во Караорман во месноста „Рудина“ формирана е шестата македонска народноослободителна бригада.

Делегацијата за положување на свежо цвеќе на споменикот на Револуцијата ја предводеше потпретседателот на боречката организација Ванѓел Наумоски, кој истовремено ги потсети за:

Формирањето уследи по приливот на поголем број борци од Првата македонска народноослободителна ударна бригада, а со Одлука на Главниот штабна НОВ и ПО на Македонија.

Бригадата во своето основање броеше околу 1000 борци, а за потребата и значењето на нејзиното формирање говорел претставникот на Главниот штаб, Видое Смилески-Бато.

Штабот на бригадата беше составен од искусни борци, дотогаш припаднници на Првата македонско народноослободителна ударна бригада, а имено, командант: Драган Ѓорѓевиќ-Алија, заменик на командантот Захарије Трајкоски – Брко, политички комесар Киро Сотировски – Строгов и заменик Младен Милошески. Во поширокиот состав на Штабот на бригадата беше и Милица Лукиќ, одговорна за санитетот.

Веднаш по формирањето, уште наредниот ден, на 7- ми септември бригадата тргнува кон Крушево да ги ликвидира бугарските позиции кај Црско, а потоа да го ослободи Крушево. Во Крушево Бригадата се омасовува со нови борци, а потоа добива нова борбена задача да ги разбие непријателските сили на потегот Кичево-Полог, а потоа да дејствува на просторот Сува Гора каде по тешки пресметки со балистичките сили избива на комуникација Скопје-Тетово за натамошно дејствување. На 18 ноември заедно со Првата, Четвртата и Петнаесеттата бригада учествува во ослободување на Гостивар.

На 15-ти декември истата година, бригадата се дислоцира во Кичево, со еден баталјон во Дебар, дејствувајќи притоа во состав на 49-та дивизија на НОВ на Македонија се до ослободувањето на земјата, рече Нумоски.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: