Вакцинацијата за лица постари од 77 години со вакцини против ковид 19 од производителот ,,Астра Зенека“ во Струга ќе започне во петок.
Директорот на Здравствен дом Струга , Г-дин Андон Ложанкоски за Strugaonline информираше дека во Струга пристигнаа 400 вакцини.
За вакцинирање се ангажирани два тима кои ќе работат само прва смена.
Имунизацијата ќе се врши во просториите на Здравствен дом-Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари