Во организација на Литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид, нa 23.12.2017, во кафе барот „Женска плажа“ во Струга се одржа промоција на поетската збирка „Слики од бунарот“ на охридската поетеса Марина Икономова Шокева, што неодамна ја издаде Издавачката куќа „Ѓурѓа“ од Скопје.
„Дебитантска збирка „Слики од бунарот“ на Марина Икономова Шокева, очигледно е дека донесува поезија која е далеку од почетништво на првите објави, односно дека стиховите минале низ процесот на зреење и преиспитување. Потврда за тоа се стиховите што со гордост би биле потпишани и од поискусни, потврдени автори…
…Меѓу она што е забележано се вбројува и изворноста на поетесата што значи обид за оформување и одбележување на сопствен поетски ракопис и простор. Таа нема проблем со јазичниот материјал, што не значи дека нејзината потрага по нови композициски решенија е завршена“ – покај другото стои во рецензијата на македонскиот писател и литературен критичар Тоде Илиевски.
Промотор на книгата „Слики од бунарот“ беше македонскиот поет и литературен критичар Зоран Јакимоски, а песни од книгата читаше авторката Икономова Шокева како и Живко Деспотовски , Наташа Пауноска и Сузана Келешоска
Марина Икономова Шокева е родена во Битола, а живее во Охрид. Основно и средно образование завршила во Охрид, а дипломирала на Филолошкиот факултет на катедрата за англиски јазик и книжевност во Скопје.
Strugaonline/ Бранувања
Facebook Коментари