ВО СТРУГА СЕ ОДБЕЛЕЖА 9-ти МАЈ- ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ И ДЕНОТ НА ЕВРОПА

- Локални
1467

Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и фашистичка војна во Македонија 1941 -1945 и граѓаните продолжувачи во општина Струга, а повод 73 години од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, организираше свечаност, со полагање на свежо цвеќе на споменикот на Револуцијата на плоштадот во Струга.

На свеченоста се обрати претседателот на ОО на Сојузот на борците од Струга Ајрадин Мемети на тема: Македонија во борбата против фашизмот.

На споменикот на револуцијата и на спомен обележјата и бистите на паднатите борци, свежо цвеќе положија претставници на политички партии, припадниците на АРМ и голем број на граѓани.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

 

Facebook Коментари