Во Струга се одбележаа 75 години од смртта на Кузман Јосифоски-Питу

- Локални
1112

На 25 февруари 2019 година ОО на СБМ од Струга, пред голем број граѓани ја одбележаа 75 годишнината од смртта на Кузман Јосифоски-Питу.

Делегацијата предводена од претседателот на ОО на СБМ – Струга,  Ајредин Мемеди и секретарот Никола Попоски, положија цвеќе на бистата на Питу, која гордо стои поставена пред куќата на Владо Малески и спомен плочата во тесното сокаче на улицата Браќа Миладиновци, на која е запишано:

„Во оваа куќа на 23-ти септември 1941 година, во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу се одржа конститивевен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко“.

Пред присутните за животниот пат и слободарското дело на Кузман Јосифовски Питу, од страна на претседателот беше прочитен реферат.Во рефератот меѓу другото беше истакнато дека Питу имал голема верба во Струга и стружани, но и љубов за Струга. Неколку пати тој доаѓал во Струга, во строга илегалност и притоа им издавал задачи на МК на КПМ и СКОЈ.

Струга треба да биде горда што низ нејзините сокаци минувал таков херој каков што бил Питу. Затоа градот треба вечно да се сеќава на него и да го слави неговиот лик. Питу рекол: „Борбата почна токму во Струга предводена од Димитар и Константин Миладинови.“

Со смртта на Кузман Јосифовски – – Питу македонското револуционерно движење  изгуби еден од своите најистакнати револуционери, бестрашен борец и комунист раководител визионер трибун…

На денот,што за неговиот народ и неговата земја стана најсветол ден: Илинден, национален празник, постхумно и тој го доби најсветлото признание  за својата исклучителна богата револуциоинерна дејност на предлог на Маршалот Тито, Претседателството на АВНОЈ, меѓу првите во Македонија, Кузман Јосифовски Питу го пргласи за народен херој на Југославија.

Беше тоа 2 август 1945 година.После нешто повеќе од една година од неговата прерана смрт кога во тоа рано дваесет и петто февруарско утро четириесет и четвртата, на железничката линија во Козле, падна пронижан од злосторничкиот куршум. Смртта на Кузман значеше голема загуба за македонското револуционерно движење, на самиот праг на слободата, движењето изгуби еден од своите најистакнати револуционери, бестрашен борец и раководител, визионер, народен трибун човек целосно оддаден на македонското дело.

Питу е роден во Прилеп, на 15-ти јуни 1915 година. По завршувањето  на гимназијата во Битола, студира на Правниот факултет  во Белград каде бил во раководството на напредната студентска младина. Учествувал во организирањето на македонското студенско друштво „Вардар“,во кое пресудно влијание имале студенските комунисти.

По окупацијата од новото партиско раководство на Македонија бил испратен во нејзиниот западен дел за да го организира Народното ослободително движење.На овј терен успесите на Кузман биле огромни.

Животот на Кузман Јосифовски – Питу згасна на негова  29 годишна возраст, на прагот од слободата, но неговото револуционерно дело остана да живее.Денеска, кога се одбележува седумдесетипе тгодишнината од неговото убиство можеме само уште еднаш да повториме дека од тоа светло дело се воспитуваат многу генерации.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари