Во рамки на проектот „Справување со загадување на воздухот“, кој е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирано од Шведска, а го имплементираат Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, во Струга се спроведува проектот „Воздухот на граѓаните“.
-Денеска во Струга, се одржа првата работилница – активност во рамки на проектот „Воздухот на граѓаните“ кој го спроведува ИПО „Крсте Јон“ од Струга. Учесниците на работилницата се запознаа со проектот, неговите цели и очекувани резултати. Потоа следуваше запознавање со резултатите од спроведената онлајн анкета како и со моделот на мерните уреди Климерко – начинот на негово склопување и неговите перформанси.-изјави за Strugaonline, Никола Кукунеш, асистент на проектот.
Тој додаде дека учесниците беа дел од креирањето на мапата за тоа каде мерните уреди Климерко ќе бидат поставени.
Strugaonline
Facebook Коментари