Во Струга се одржа работен состанок за ,,Одржливо управување со отпад на локално ниво“
Денеска во канцеларијата на градоначалникот се одржа работен состанок со претставникот на проектот,,Одржливо управување со отпад на локално ниво“, каде е вклучена и Општина Струга, а кој се имплементира во партнерство помеѓу SALAR International, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), кои се главните чинители во
соодветните области на управувањето со отпад, испораката на локални услуги, како и
застапувањето и координацијата помеѓу локалните самоуправи.
Проектот е фокусиран на два региона во земјата – Југозападниот и Пелагонискиот, каде тесно ќе
се соработува со општините, локалните комунални претпријатија и жителите, заради подобрување на планирањето и испораката на услугите за управување со отпад во
согласност со насоките на ЕУ, како и со новото национално законодавство и стратешкиот план за
отпад.

-Овие општини од двата региони исто така ќе имаат своја улога во проектот и токму
нивното вклучување ќе се фокусира првенствено на развивање на капацитетите на секторот за управување со отпад, промовирање на меѓуопштинската соработка, како и поддршка на целните општини во операционализацијата и имплементацијата на управувањето со отпадот.
Со цел да се вклучат што е можно поголем број на општини во активностите на проектот,,Одржливо управување со отпад на локално ниво“, Општина Струга изрази иницијатива да се приклучи кон останатите општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион. За таа цел се одржа состанок со тим лидерот на проектот Емил Ангелов.-информираат од Општина Струга.
Додаваат дека во рамки на проектот, заедно општинската администрација, Советот и јавните претпријатија ќе работат на изработка на Локалните акциски планови за управување со отпад и ќе се воспостават структури за реализација на активности што одат во насока на остварување на целите од планот и приклучување кон регионалниот концепт за управување со отпадот.
Strugaonline
