Во улога на претседател на Советот за развој на Југозападниот плански регион, градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко учествуваше на третата редовна седница на Советот за развој што се одржа во Струга.

-На седницата беа разгледувани можности за организирање на студиска посета во некои од европските земји со цел да се разменат искуства во домени кои се од приоритетен интерес на општините од регионот, а со цел да се поттикне регионалниот развој преку креирање партнерства со слични региони од другите земји.-информираат од Општина Струга.
На почетокот на седницата, свое излагање имаа претставниците од проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, Јован Манасијевски, Александар Караев, како и ангажираниот експерт д-р Борис Цизељ од Словенија, кои зборуваа за можностите за организирање на студиската посета.
Strugaonline
Facebook Коментари