Лев банер Десен банер

Во Струга се снимаат три филмови посветени на клучните проблеми во градот

Продолжува продукцијата на креативните документарни филмови, кои се дел од проектот „Граѓаните на нашиот град, главни актер или неми статисти“, поддржан од  Civica Mobilitas- информираат од Drim Short Film Festival.

,,Во изминатиот период се снимаа паралелно три филмови на младите учесници на работилниците. Првиот од нив е по сценарио на Давид Ѓоргоски кој на уникатен начин ги разработува можеби клучните проблеми во Струга, апатијата и незаинтересираноста за учество на граѓаните во процесите од интерес за сите. Вториот филм е по сценарио на Евгенија Узунова, Кристина Коркутоска и Гоце Цветков.  Во него комуналните работници ја судруваат вистината со граѓаните, за еколошката свест на стружани. Третиот документарен филм е по идеја на Милко Нестороски, неговата содржина ќе  преставува мета документарец за уметниците, како единствени бунтовници во градот.“ – стои во соопштението од дирекцијата на Drim Short.

По завршувањето на снимачките денови, филмовите редоследно продолжуваат во пост-продукција и веќе се работи на монтажа и снимање на нарацијата на неколку од нив.

Strugaonline

error: