Лев банер Десен банер

Во Струга вчера се одржа протестен марш за поддршка на доктор Мухамед Асани

Со пароли „Струга гласно бара правда“, „Лекарот спасува живот, а неправдата го уништува“, „Струга не молчи“, „Не ги осудувајте рацете што спасуваат животи“…, лекари и медицински персонал од струшката болница придружувани од граѓани вчера се одржа мирен протестен марш за поддршка на гинекологот Мухамед Асани на кој му беше изречена три години затворска казна и пет години забрана за вршење дејност за отстранување на три органи на пациентка од Дебар по породување со царски рез.

Маршот почна пред Општата Болница и продолжи до Основниот суд во Струга.

Собирот е поради неправдата која му е нанесена на докторот, барајќи правда и чесен третман за сите кои секојдневно работар одговорно и со жртва, истакна д-р Илиријана Наџа.

Доктор Едмонд Вејсели во името на здравствеите работници изрази загриженост за случајот, имало јасни и независни насоки од две комисии, едната формирана од Лекарска комора, а другата од Министерство за здравство, дека не е направена медицинска грешка и оти нема професионална одговорност, а одлуките кои ги игнорирале овие експертизи создавале опасен преседан за иднината на професијата.

Судот во Струга пред две недели, му пресуди три години ефективна затворска казина, максимална предвидена за тоа дело и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност за гинекологот Мухамед Асани за случајот со родилката од Дебар Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

StrugaOnline

error: