Во Струга започна работилницата за костимографија во рамки на иницијативата „Гласот на крајбрежјето“
Во Струга официјално започна работилницата за костимографија, наменета за ученици од 10 до 14 години, организирана како дел од иницијативата „Гласот на крајбрежјето“, реализирана од Здружението за култура и уметност „Арт Манија“ – Куманово и тимот „Соларис“ – Струга.
На првата сесија учениците се запознаа со основните принципи на костимографијата, материјалите со кои ќе работат и процесот на создавање костим за театарска претстава од користена и рециклирана облека. Учесниците започнаа да ги развиваат првите идеи за ликовите од претставата „Петар Пан – големата битка“, која ќе биде финален театарски производ на иницијативата.
Работилницата ќе продолжи со следните сесии во текот на месец декември, кога учениците ќе работат на детално оформување на костимите, развивање на креативни решенија и финално подготвување на визуелниот изглед на карактерите.
„Гласот на крајбрежјето“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
StrugaOnline

