Проектот „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник“е продолжение на долгогодишните подводни истражувања на локалитетотот кои се одвиваа од 1998 год. и ги водеше археолошкото одделение во НУ Музеј на Македонија во соработка со Народниот музеј д-р Никола Незлобински од Струга и Сојузот на нуркачки друштва на Република Македонија, под раководство на археологот Воислав Санев.

Во рамките на овој проект беа направени дендрохронолошки и радиокарбон анализи од страна на д-р Андреј Мачковски, на 250 примероци од дрвени колци со кои се доби прецизна датација на локалитетот и веќе го имаме првиот датиран локалитет од железното време во Македонија. Со истражувањата се откри голем број на движен археолошки материјал.

Учесниците во овогодинешниот проект се: д-р Александра Папазовска, археолог – раководител на проектот, м-р Валентина Тодороска – подводен археолог, Бојан Танески -подводен археолог, д-р Орданче Петров – подводен археолог, Seraphim Nagel, Cal Poly Tech University, Arcata, California, USA – подводен археолог, м-р Александра Чевреска – археолог,
и нуркачки тим: Димитар Стојаноски, Слободан Рајковски, Никола Мартиноски, Владимир Голабовски и Александар Ацев.
StrugaOnline
Facebook Коментари