И оваа година, Струга ќе ја продолжи возобновената традиција на одржување на манифестацијата ,,Ревија на народни носии-Струга 2023“.

Овогодинешната ревија ќе се одржи на 16-ти септември.
,, Овогодинешната ревија на народни носии ќе биде на тема: ,,Maшки народни носии“ и со тоа на сцената секој ревијалец-учесник треба да презентира една или повеќе народни носии со кои треба да ја опфати тематиката на овогодинешното издание. Вашите пријави, со име и презиме на сопственикот на народните носии, опис на народните носии, од кои делови се составени носиите и неколку фотографии од истите да ги испратите на e-mail: [email protected] најдоцна до 10-ти септември.“- информираат организаторите.
Повеќе информации можете да добиете во Н.У. Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга или на телефон 078 240 493.
Strugaonline
Facebook Коментари