Во Вевчани ќе се поставува фотоволтаична централа на објектот на пречистителната станица за отпадни води

- Локални
537
Размена на искуства и добри практики за изработка на локални планови за одржлива енергија и клима е темата на регионалниот настан кој се одржува во Истанбул, на која учествуваат градови и општини од држави од Западен Балкан и Турција. На настанот учествуваа и претставници на Општина Вевчани.
-Покрај зајакнување на капацитети на општина Вевчани за подготовка на локални планови за одржлива енергија и клима, општина Вевчани обезбеди финансиска поддршка за реализација на проектот ,”Кон енергетски ефикасни општини” во рамките на кој е планирано поставување на фотоволтаична централа на објектот на пречистителната станица за отпадни води.
Во завршна фаза се администраривните процедури и наскоро се очекува да започнат работите за поставување на фотоволтаичната централа.-информира градоначалникот Спасе Кочоски.

Facebook Коментари