Во Вевчани презентиран проектот на Вевчанското нематеријално културно наследство

- Локални
899

vevcani

Проектот е реализиран од страна на КУД „Дримкол“ Вевчани, а поддржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – сектор за поддршка на невладини организации.

Во рамки на проектот, објавена е брошура „Обреди и обичаи во Вевчани“ на македонски и англиски јазик, во која се опфатени позначајни празнувања проследени со обреди и обичаи од Вевчани, кои КУД „Дримкол“ ги зачувал преку автентично поставување на сцена.

Организирана е и изложба на фотографии „Нематеријално културно наследство низ призмата на објективот“, на кои се прикажани сцени од Вевчанските обреди и обичаи, со цел посетителот да има можност од поблиску да се запознае со нематеријалното културно наследство на Вевчани, како и документарен филм „70 години – Со песна и оро до височините“, кој зборува за долгогодишната играорна традиција во Вевчани.

„Овие резултати во краток рок ќе придонесат за зголемени промотивни активности за претставување на нематеријалното културно наследство на Вевчани, оптимално искористено нематеријално културно наследство во функција на развој на културниот туризам во Вевчани, зачувување на голем број на специфични обреди, песни и игри кои се карактеристични за Вевчани кој ќе сведочат за богатата духовна култура, акумулирано огромно умеење пренесувано од генерација на генерација, што егзистирало како жива дијалектика на културниот процес во чие што седиште е традиционалната култура“, изјави координаторот на проектот Кирил Бебекоски.

Покрај јавната презентација на содржините на проектот во недела, тој ќе биде промовиран за време на свеченостите по повод одбележувањето на 70 години фолклорна традиција во Вевчани во мај оваа година.

Facebook Коментари