На програмата на овогодишното Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 2025, ден спроти големиот македински празник ИЛИНДЕН, во Храмот св.Никола во Вевчани во петокот на 1 август, се одржа несекојдневна промоција на стручната книга-учебник „Народниот музички иструмент Дудуче во наставата по музичко образование во основните училишта“ од авторот проф. м-р Марјан Јанкоски. Книгата која е двојазична – преведен и на англиски јазик на 165 страници и илустрована со уште толку фотографии.
Пред голем број присутни вевчанци и гости од други места, љубители на пишаниот збор, книгата ја промовира Мирјана Алулоска Мирческа, уводничар на промоцијата и реч за промоцијата имаше истакнатиот новинар, публицист, писател и хроничар на Вевчани Мишо Китаноски.
Промоцијата започна на еден необичен начин, со настап на авторот со неговата ќерка со свирење на музичкиот инструмент Дудуче. Која точка беше наградена со долготреаен аплауз.
Промоторката проф.м-р Мирјана Алулоска Мирческа, на неколу наврати се осврна на научниот труд на Јанкоски велејќи, книгата „Народниот музички инструмент дудуче во наставата по музичко образование во основните училишта“ претставува одличен научно-педагошки матрјал, кој одамна е потребен во македонското образование. Таа истакна дека е редок образовен матерјал, кој треба да биде императив во раното музичко образование. Пред да заврши истакна дека ретки се ваквите книги, кои се посветени на деца, но и за возрасните, а чија вредност ги надминува генерациите. Со задоволство ја препорачувам како задолжително четиво во сите степени на музичкото образование. За крај, ми претставува голема чест и задоволство да му честитам на авторот, м-р Марјан Јанкоски.
Исто така е за истакнување дека на промоцијата беа прочитани фрагменти од рецензијата на книгата што ја има напишано: Проф. Д-р Велика Стојкова Серафимовска. На крајот од промоцијата имаше и свое обраќање авторот проф. м-р Марјан Јанкоски.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline
Facebook Коментари