По повод Новогодишните и Божиќните празници, вчера на плоштадот пред Општина Вевчани беше организиран Новогодишен базар.

Директорката на детската градинка „Планински цвет“, Даниела Мурџеска го отвори настанот изразувајќи надеж дека овој настан ќе премине во традиција. Исто така изрази голема благодарност до Давид Николовски и неговата фамилија за донација на Новогодишните пакетчиња за дечињата.

Организацијата покрај вработените од детската градинка, ја потпомогнаа и родителите на дечињата згрижени во градинка кои максимално се вложија во организацијата. На базарот можеше да се купат рачни Новогодишни изработки и вкусна храна. Новогодишниот базар помина во одлична атмосфера, со музика и настап на дечињата
„На крајот, на големо задоволство на децата, како најголемо изненадување се појави ДЕДО МРАЗ, кој им раскажа приказни на дечињата и им подели пакетчиња и бомбончиња. Општина Вевчани им благодари за прекрасната организација и детските насмевки“, напиша градоначалникот Спасе Кочовски, на официјалниот фејсбук профил.
Facebook Коментари